Средбата сè поизвесна - мистериозните сигнали од вселената се појавуваат на секои 16 денови

Точка

10/02/2020

16:49

4.924

Големина на фонт

а а а

Една од најважните карактеристики на мистериозните сигнали од длабоката вселена, односно брзото разоткривање на радиобрановите (FRB, fast radio bursts), е тоа што тие се краткотрајни и непредвидливи.

Тие вообичаено се појавуваат над некој дел од небото и траат неколку милисекунди.

Меѓутоа, астрономите неодамна забележале едни од најчудните FRB досега. Не станува збор само за повторувачки радиосигнали туку тие се појавуваат во циклус од 16 денови.

Повторувачките FRB, кога не станува збор само за еден интервал туку повеќе од нив во низа, многу се ретки и особено привлекуваат внимание кај астрономите, особено кога забележале дека FRB 180916.J0158 + 65 се повторува на секој 16, 35-ти ден.

Овој необичен FRB во текот на четири денови, на секој еден час исфрла по еден или пак два сигнали, а потоа наредните 12 денови е неактивен за подоцна повторно да се повтори целиот тој циклус, пишуваат од „Science Alert“.


Астрономите со помош на телескопот CHIME, кој се наоѓа во долината Оканаган во Британската Колумбија, го набљудувале овој циклус цели 409 денови. Сè уште не можат да кажат што тоа точно значи, односно кој е изворот на тој несекојдневен FRB, но повеќе од очигледно е дека станува збор за некаков феномен.

Како што веќе споменавме, FRB се силни одблесоци на радиобранови кои најмногу траат по неколку милисекунди. Во тој период знаат да ослободат толку многу енергија што тоа може да се спореди со силата на стотина милиони Сонца.

Поголемиот дел од нив се појавуваат само по еднаш па затоа е многу тешко да се открие од која галаксија доаѓаат сигналите. Единствено што откриле за некои од нив е, каде приближно се наоѓа нивниот извор.

Претходната година, научниците објавиле дека детектирале осум нови повторувачки FRB сигнали што значи дека досега се забележани 11.

„Периодот на активност од 16.35 денови е важен показател на природата на овој објект“ - напишале научниците во истражувањето кое е објавено во „arXiv“. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг