Претседателот Стево Пендаровски, денеска, ќе престојува во официјална посета на Република Полска.
Пендаровски во Варшава со највисоки државни и воени почести ќе биде примен од претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда, а ќе оствари билатерални средби со маршалот на Сејмот, Елзбиета Витек, и со маршалот на Сенатот, Томаж Гроцки.
Предвидено е претседателот да оствари средба со истакнати слависти и македонисти, кои живеат и работат во Република Полска.
За време на официјалната посета, тој ќе биде придружуван од сопругата, Елизабета Ѓоргиевска.