Коби Брајант не разговарал со своите родители, а медиумите решиле да проверат како тие ја поднесуваат трагедијата на нивниот син. Еве што откриле!
Коби Брајант, како што пишуваат странските медиуми, отсекогаш имал голема поддршка од своите родители сè додека не решил да се венча со Венеса.
Тогаш почнале семејните проблеми кои следеле веднаш откако Брајант и Венеса станале родители, меѓутоа врвот го достигнале во 2013-та година кога родителите на Коби, Пем и Џo решиле да продадат вреден спортски реквизит од нивниот син, без негово знаење за да соберат доволна количина пари за нов дом.
Подоцна јавно се извиниле и се откажале од продажбата на тој предмет. Тие не биле присутни ниту на венчавката на Коби, но ниту на настанот кога тој се простувал од својата кошаркарска кариера.
„Нашите односи се заладени. Им реков дека ќе им купам многу убава куќа, а одговорот кој го добив беше дека таа не би била доволна“ - изјавил своевремено Коби во некое интервју.
Во екот на големата трагедија, медиумите решиле да проверат како Џо и Памела ја поднедуваат смртта на нивниот син. Како што пишуваат медиумите, тие двајца се повлечени во четири ѕида во Лас Вегас, а од „Daily Mail“ успеале да дојдат во контакт со нивните соседи.
„Разговарав со нив двапати додека им носев храна. Скршени се, како што може да претпоставите. Голема трагедија е тоа, го изгубија синот и внукот. Само еден ден пред трагедијата разговарав со Џон и беше добар и расположен, а веќе во наредните 24 часа животот им се преврти наопаку“ - вели за „Daily Mail“ соседот кој сака да биде анонимен.