Огромна експлозија во Хјустон: Целиот град на нозе, хеликоптерите ја надлетуваат областа

Точка

24/01/2020

13:55

2.626

Големина на фонт

а а а

Огромна експлозија во Хјустон: Целиот град на нозе, хеликоптерите ја надлетуваат областа Голема експлозија се случила рано утрово во околу 4:25 часот во зграда во северозападниот дел на Хјустон, јавила локалната полиција.

Од јачината на експлозијата пукнале многу прозори во околината и видливи се оштетувањата на околните куќи и згради, тврдат очевидци. 

Според првите извештаи, повредено е уште едно лице, но надлежните уште не го соопштуваат бројот на настрадани или повредени.

Причината за експлозијата не е позната, но полицијата во тоа подрачје го затворила сообраќајот и побарала од граѓаните да ги избегнуваат улиците во тој дел од градот.

Експлозијата се слушнала и километри наоколу, јавуваат локалните медиуми. На самото место има многу пожарни, спасувачки и екипи и Итна помош.

Исто така, полицијата и пожарникарите одат во проверка и на соседните куќи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг