Џенифер Анистон и Бред Пит се главна тема во светските медиуми, како и Меган Маркл и принцот Хари.
Двата пара направија нешто за што мислевме дека е невозможно.
Бред и Џенифер се обединија после дефинитивното разведување на актерот од Анџелина Џоли, па сите шпекулираат за обновување на романтичната врска, а Меган и Хари го напуштија кралското семејство.
Сите ги коментираат овие настани, а на социјалните мрежи посебно се издвои овој коментар.
„Ако Бред и Џенифер можат повторно да се обединат, и ако Хари и Меган можат да го напуштат кралското семејство, и вие можете сè во 2020-та година“, стои во објавата која ги воодушеви сите.