Била покрај него кога бил водоинсталатер на раб на глад, а сега за неа зборува цел свет - еве зошто!

Точка

21/01/2020

20:55

15.582

Големина на фонт

а а а

Повратниот натпревар на Конор Мекгрегор на UFC настанот во Лас Вегас, завршил со победа на најпознатиот Ирец на светот.

После експресно завршената борба, сите погледи биле насочени кон сопругата на Мекрегор, Ди Девлин, која влетала на терен и се приклучила на славењето.


Во тесен зелен фустан, Ди Делвин се затрчала во прегратка на победникот и страсно го бакнала.

Многумина се пошегувале дека таа го украла целото внимание на нејзиниот сопруг, кој бил глава ѕвезда на настанот, а не е ни чудно, бидејќи изгледа навистина сензационално.


Инаку, парот е заедно веќе 12 години, а нивниот почеток не бил нималку луксузен.

Имено, пред да успее во суровиот, често и неправеден спорт, Конор со години работел малку платени професии и едвај успевал да спои крај со крај.

Уште како 17-годишник почнал да работи и да ѝ помага на мајка му. Станувал во 5 часот наутро, работел 12 часа и не бил задоволен со својот живот, бидејќи работел на, како што рекол, ладно, мрачно и влажно место.

„Беше тешко тоа време. Не го сакав својот живот. Не сакав да бидам водоинсталатер“, рекол своевремено.

Подоцна, кога се збогатил, во знак на сеќавање на тој период, направил шах од цевки за вода.

Тој поголем дел од времето го поминувал тренирајќи напорно, верувал во својата цел, а постојано имал материјална и финансиска поддршка од неговата животна избраничка, убавата Ди Девлин.

Ди и Конор се запознале во 2008-ма година, кога овој Ирец имал само 19 години и многу соништа за да стане шампион. Тој ја забележал во ноќен клуб и ѝ пришол, а во една прилика се потсетил на таа средба: „Изгледаше како добра девојка, а јас сакам добри девојки.“

Исто така, оваа бринета многу години подоцна признала дека тој моментално ја привлекол и дека кај него најмногу ѝ се допаднало тоа што секогаш ја забавувал и ја смеел.




Спонзорирани линкови

Маркетинг