На тенискиот меч меѓу Јан-Ленард Штруф и Данил Медведев беше виден еден од најконтроверзните поени во историјата.
Германецот го победи рускиот тенисер на Вимблдон со резултат 3:0 и така се пласираше во осминафиналето на третиот гренд-слем турнир сезонава.
При резултат 5:2 во третиот сет за рускиот тенисер, кој во тој момент сервираше за мечот, се случи еден од најконтроверзните поени досега на Вимблдон.
Имено, топчето го погоди држачот на мрежата, а потоа се врати во полето на Штруф, а главната судијка на мечот првично не знаеше што да досуди, бидејќи немаше најдобар преглед на ситуацијата.
На крајот го додели поенот на Штруф, кој успеа да освои брејк, по што играта на Медведев целосно се распадна, па Штруф „нанижа“ пет гема по ред, го освои и третиот сет и стигна до победа со резултат 3:0 во сетови.
Во следното коло го очекува дуел со Полјакот Хуберт Хуркач, кој го победи Томи Пол со 3:1 во сетови.







