Започнува „новиот живот“: Принцот Хари пристигна во Канада

Точка

21/01/2020

09:10

3.187

Големина на фонт

а а а

Принцот Хари пристигна во канадскиот град Ванкувер каде што ќе започне нов живот со својата сопруга Меган и синот Арчи.

Војводата од Сасекс бил забележан во Канада, откако тој и Меган постигнаа договор со британската кралица Елизабета Втора да се повлечат од кралските обврски и да станат целосно финансиски независни.

Меган во Канада се врати веднаш откако големата вест беше објавена пред целиот свет, а сега и Хари ги следи нејзините стапки. Хари на приватна добротворна вечера изјави дека „не постои друга опција освен таа да се откаже од кралските должности“.


„Кога Меган и јас се венчавме, бевме возбудени и сакавме да служиме. Од тие причини ми причинува огромна тага што дојде до ова. Одлуката да отстапиме не е одлука која ја донесовме лесно. Беа тоа месеци разговори после години предизвици и знам дека не постапив исправно, но навистина немаше друга можност“, изјави принцот Хари.

Тој додаде дека сака јасно да даде до знаење дека тој и Меган не си заминуваат. Како што рече, се надева дека тој и сопругата ќе продолжат да ѝ служат на кралицата, но без јавни средства.


„Го прифатив ова, знаејќи дека тоа не менува ниту кој сум, ниту колку сум посветен. Се надевам дека ова ќе ви помогне да сфатите дека мораше да се случи ова, дека се повлеков од своето семејство за да направам чекор напред кон она за што се надевам дека ќе биде помирен живот“, изјави принцот Хари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг