На бричењето му доаѓа крајот? Сè повеќе жени се свртуваат кон влакнестиот изглед, а доказ за тоа се овие Инстаграм фотографии

Точка

15/01/2020

15:31

6.076

Големина на фонт

а а а

Женското депилирање се појави на “голема врата” во педесеттите години на минатиот век, а оттогаш па сè до денес постои како социјална норма.

Произведувачите на бричеви и женски препарати за депилација речиси агресивно пропагираат тело без ниту едно влакно, а денес ретко која жена би се осмелила да излезе неизбричена во јавност. 

Било како што било, во овие модерни времиња жените започнале да се прашуваат колку тој тренд влијае на сликата за дамите и дали навистина е толку важен. Додека некои за тоа сè уште расправаат, други “пресекле” и престанале да се бричат и депилираат, а фотографиите од своите влакнести тела без срам ги објавуваат на социјалните мрежи.

Кампања против депилација

Пред две години, на Лори Џексон ѝ здодеало општеството да ѝ кажува како треба да изгледа нејзиното тело и за таа цел ја покренала кампањата “Januhairy” која ги охрабрува жените да заборават на своите бричеви и барем еден месец да не ги бричат пазувите. Исто така, Лори ги поттикнува жените да објавуваат фотографии од своите пазуви.

Нејзината страница на Инстаграм денес има повеќе од 23.000 следбеници, а жените ширум светот тука можат да се опуштат и без срам да покажат дека женската убавина не ја одредува исклучиво мазната кожа... или ја одредува? Погледнете дел од фотографиите и проценете сами.



Спонзорирани линкови

Маркетинг