Заев на средба со амбасадорката Брнс: САД остануваат наш стратешки сојузник

Макфакс

14/01/2020

16:49

188

Големина на фонт

а а а

Претседателот на СДСМ Зоран Заев заедно со секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ денеска се сретна со амбасадорката на САД, Кејт Брнс.

На средбата се разговараше на повеќе актуелни теми, како што се организирањето на фер и демократски избори, процесот на реформи процес, како и процесот на интеграција во НАТО и ЕУ.

Заев изрази благодарност до амбасадорката Брнс за поддршката што САД континуирано ја дава на Република Северна Македонија во градењето на модерно демократско општество, како и во процесот на реализација на нашите стратешки интереси поставени уште од независноста.

– Цениме што Сенатот на САД веќе го ратификуваше протоколот за членство во НАТО. Владата веќе го достави Протоколот во Собранието и тој ќе биде усвоен пред распуштањето на Парламентот а ќе се ефектуира кога Протоколот ќе биде усвоен од страна на Парламентот во Шпанија. Во зависност од динамиката во Шпанија, очекуваме полноправното членство официјално да биде заокружено на пролет истакна претседателот Заев.

Осврнувајќи за на процесот за организирање избори и работата на преодната влада, претседателот Заев порача дека државата досега во последните неколку изборни циклуси, како локалните во 2017, претседателските во 2019 и референдумот во 2018 година, покажала дека може да организира чисти, фер и демократски избори и дека верува дека тоа ќе биде случај и со предвремените избори на 12 април.

– Преодната влада беше формирана согласно политичкиот договор, законските рокови и уставните услови, без никакви проблеми. Ова е доказ дека нашиот политички и институционален систем функционира многу добро. За изборите на 12 април власта и опозицијата имаат заедничка одговорност. А посебно опозицијата имајќи предвид дека го раководат МВР како институција од исклучително значење во спроведувањето на слободни, фер, демократски и успешни избори, посочи Заев.

Амбасадорката Брнс истакна дека Република Северна Македонија е стабилна на својот пат кон полноправно членство во НАТО и ЕУ и дека треба да продолжи посветено со реформите што се во интерес на граѓаните. Брнс изрази уверување дека на 12 април ќе се одржат фер, демократски и слободни избори на кои ќе се почитува изборната волја и уште еднаш ги реафирмираше ставовите дека САД остануваат силен стратешки сојузник на земјава.



Спонзорирани линкови

Маркетинг