Кирацовски: ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Демократската партија на Турците го кочат поништувањето на лустрацијата

Макфакс

13/01/2020

14:38

545

Големина на фонт

а а а

Прокрај пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, поништувањето на лустрацијата го опструираат и ДУИ и Демократската партија на Турците, поради што не може да почне комисиската расправа за овој закон, објави претседателот на Комисијата за политички систем, Александар Кирацовски.

„Се надевам имаат образложение за нивните постапки. Денешната седница се паузира бидејќи нема кворум, кога ќе имаме услови, повторно ќе ја закажам“, рече Кирацовски.

Претходно тој изјави дека очекува ВМРО-ДПМНЕ да го блокира донесувањето на законот со стотици и илјадници амандмани.

„Ја користам оваа пригода да ги повикам да се свестат, да го донесеме законот и да им помогнеме на жртвите на лустрацијата и да ја исправиме оваа неправда. Ние ќе вложиме напори да се донесе законот и да се заокружи реформата во правосудството“, рече Кирацовски.

Пратениците од ВМРО ДПМНЕ рекоа дека ќе влезат во салата кога ќе дојде министерката за правда, Рената Дескоска.

„Ние сме единствена држва во која кодошите ќе добијат пари од буџетот како отштета. Одговорност за кодошите мора да има и морална и политичка“, рече Зоран Илиоски од ВМРО ДПМНЕ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг