Постои ли некој кој не сака загатки? Ако сметате дека сте професионаец во решавање на загатки, тестирајте се и проверете дали е навистина така – не грижете се, одговорите се вклучени.
1. Девојче има онолку браќа колку и сестри, но секој брат има половина помалку браќа отколку сестри. Колку браќа и сестри има во семејството?
- Ова трик прашање навистина може да ве збуни.
Одговор: Четири сестри и три браќа.
2. Што исчезнува откако ќе го изговорите нејзиното име?
- Тешките загатки како оваа бараат да размислувате логично. Во истовреме користете метафора со идејата на нешто што исчезнува.
Одговор: Тишина.
3. Како бројот 5 може да биде половина од 4?
- Оваа загатка е повеќе од математика и игра на зборови. Размислете на начинот на пишување на броевите, а одговорот едноставно ќе ви се појави пред вашите очи.
Одговор: Бројот 5 е “половина” од римската бројка IV која има 2 знаци.
4. А е брат на Б. Б е брат на Ц. Ц е татко на Д. Како Д е поврзан со А?
- Загатката се обидува да го насочи текот на мислите во различни правци. Обидете се останете јасни и само следете ја логиката.
Одговор: А е чичко на Д.
5. Што можете да држите во десната рака, а никогаш во левата?
- Размислете полека. Ако ги погледете своите раце, веднаш ќе го сфатите одговорот.
Одговор: својата лева рака.
6. Продолжете ја низата, додавајќи три букви кои недостасуваат – ЕДТЧПШС...
- Ова супер тешко прашање бара да го одредите односот помеѓу буквите. Решението е едноставно.
Одговор: ОДД (секоја буква ја претставува првата буква во пишаните броеви: еден, два, три, четири, пет...).
7. Ова ви припаѓа вам, но го користат сите други.
- Клучот на оваа загатка е да размислите на сè освен на реалните предмети.
Одговор: Вашето име.
8. Имам градови, но не и куќи. Имам планини, но не и дрвја. Имам вода, но не и риби. Што сум јас?
- Загатката има за цел да ве збуни, но фокусирајте се на нешто што е неживо.
Одговор: Мапа.
9. Колку букви има азбуката?
- Ова е загатка која ве збунува бидејќи ве упатува на најлесниот одговор. 31 е првата помисла, но не брзајте.
Одговор: Зборот “азбуката” има 8 букви.
10. Како можете физички да стоите зад својот татко додека тој стои зад вас?
- За оваа загатка најдобро е да ги замислите сите можности во својата глава.
Одговор: Стоите грб зад грб со својот татко.
11. Што се случува еднаш во минута (minute), два пати во момент (moment), но никогаш во илјада години (thousand years)?
- Повторно, загатката како оваа често прави да размислувате за броевите. Имајте на ум дека ваквите загатки ретко вклучуваат математиката.
Одговор: Буквата “М”.