Од борба помеѓу орел и октопод излегол неочекуван победник

Точка

12/12/2019

16:15

7.803

Големина на фонт

а а а

Работници од рибник во Ванкувер затекнале сцена која ретко може да се види.

Во водата забележале како голем орел се нашол заробен во прегратка на октопод. Сакале да му помогнат, но им требало многу време за да го ослободат.

„Нашата екипа го спаси орелот кој земал преголем залак кога се обидел да фати октопод. Се навикнавме да гледаме разни чуда на природата во секоја околина, но ова навистина било сцена која се гледа еднаш во животот. Октоподот отпливал неповреден, но на орелот му требале 10-на минути за да се опорави, па одлетал“, пишува покрај видеото кое е споделено на официјалната Фејсбук страница на рибарите.

Главниот рибар за локалните медиуми изјавил дека работниците на почетокот не сакале да ги допираат животните, но сепак им паднало жал за орелот.

„Прво набљудувале не сакајќи да се мешаат во природниот процес, но потоа сфатиле дека орелот ќе се удави без причина, па сепак му помогнале“, рекол тој. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг