Германија по 100 години воведува воени рабини

Макфакс

11/12/2019

17:53

1.867

Големина на фонт

а а а

Германската влада донесе одлука да врати рабини во воена служба по повеќе од 100 години, како што беше предложено претходно од централниот Совет на Евреите.

„Денеска ние дадовме важен пример на нашите еврејски војници“, напиша министерката за одбрана Анегрет Крамп Карнбауер на Твитер, пренесе „Ројтерс“. Таа додаде дека воведувањето служба воен рабин е јасна заложба за еврејскиот живот во Германија.

Германската армија не ја документира верската припадност на своите припадници, меѓутоа околу 300 Евреи, 1.400 муслимани и 94.000 христијани се во вооружените сили на Бундесверот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг