BMW откри нови детали за својата електрична лимузина

Точка

11/12/2019

15:47

1.831

Големина на фонт

а а а

Баварскиот гигант откри нови технички спецификации на својот целосно електричен автомобил кој треба да биде претставен наскоро.

BMW во 2021-ва година на пазарот ќе ја лансира својата прва целосно електрична лимузина под ознаката i4.

За погонот на BMW i4 ќе биде задолжен електромотор со сила од 523 коњски сили и автономија од околу 600 километри според новиот WLTP стандард. На пример, електричниот џип iX3 на BMW има автономија од 400 километри, а ривалските модели на Tesla, Mercedes и Audi имаат автономија од околу 400 километри.

Опремен со батериско пакување со капацитет на 80 kWh, новиот i4 од 0 до 100 километри на час ќе развива за околу 4 секунди, а максималната брзина ќе изнесува околу 200 километри на час. Во зависност од перформансите и автономијата, i4 ќе биде достапен и со батерии со поголем капацитет.


Платформата на која ќе биде базиран i4 ќе поддржува капацитет на полнење до 150 kW, што значи дека батериите ќе бидат наполнети до 80% за околу 35 минути.

BMW досега има продадено повеќе од 300 илјади електрични автомобили ширум светот, но Баварците допрва ќе започнат да се фокусираат повеќе на тој сегмент.



Спонзорирани линкови

Маркетинг