Нема уште долго да се полни iPhone преку кабел: Apple го исфрла "Lightning" портот

Точка

10/12/2019

13:06

1.665

Големина на фонт

а а а

Повеќето луѓе, според направените анкети, сметаат дека и покрај сите предности на непостоењето на жиците, кабелот и натаму е неприкосновен.

Сепак, но ако се суди по мислењето на експертите од компанијата "Apple", иднината е во безжичното полнење. 

Имено, аналитичарите упатени во работењето на овој технолошки гигант, веруваат дека iPhone веќе во 2021-ва година би можел на пазарот да излезе без славниот "Lightning" порт во корист на "сосема безжично искуство".

Иако и порано постоеле концептни телефони без портови, ова би можело да биде еден првите производни уреди кој би дошол без никакви кабли.

Не е баш најјасно како телефоните би се полнеле во тој случај. Уредите на iPhone поддржуваат Qi безжично полнење од 2017-та година, но ова би барало "Apple" покрај секој телефон да вклучи и подлога за полнење.

Покрај тоа, повеќе не би можеле само да го приклучите телефонот во штекерот каде и да сте.

Ова можеби нема да биде единственото изненадување кое го подготвува "Apple", бидејќи се предвидува дека ќе се појави и "iPhone SE2 Plus" со 5,5 или 6,1-инчен екран кој наместо Face ID технологија ќе користи Touch ID.

Сепак, постои добра причина да бидете скептични. Иако се чини дека аналитичарите имаат увид во плановите, 2021-ва година е далеку. Дури и ако сега информацијата е точна, постои можност плановите да се променат додека Apple го усоврши дизајнот и одлучи која технологија има повеќе смисла. Само немојте да кажете дека не сте биле предупредени ако во 2021-ва се појави iPhone без "Lightning Port".




Спонзорирани линкови

Маркетинг