Солскјер го „боцна“ Манчестер Сити пред дербито, Пеп Гвардиола веднаш му одговори

Дерби

07/12/2019

14:22

2.702

Големина на фонт

а а а

Денеска со почеток од 18:30 часот на програмата е закажана една од најголемите дерби пресметки во Англија помеѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед.

„Граѓаните“ веќе подолг период се далеку пред Манчестер Јунајтед, но Солскјер посочи дека и понатаму верува дека Манчестер Јунајтед е поголем клуб од Сити.

– Да, верувам дека сме поголем клуб од Сити. Не се согласувам со Жозе дека Сити во моментов е далеку пред нас, што треба да направиме, да се откажеме? Вистина е дека бодовно сме далеку зад нив, но ова е шанса да ги предизвикаме и да ја намалиме разликата. Поради тоа одиме таму да победиме, иако знаеме дека ќе биде многу тешко, - изјави Солскјер.

На овие зборови веднаш возврати и Пеп Гвардиола кој посочи дека Манчестер Јунајтед е поголем клуб од Сити доколку се погледне витрината со трофеи.

– Слушнете, навивачите на Манчестер јунајтед ќе кажат дека нивниот клуб е најголем, а навивачите на Сити дека нивниот клуб е најголем. Ги сакаме своите клубови. Секој навивач сака да види што повеќе победи, но го поддржуваат клубот и во лошите моменти. Учев за историјата на Сити и во лошите моменти поддршката можеби била погласна од денес. Ако ја погледнете витрината со трофеи, тие се подобри, без сомнеж. Но ние се креваме и за навивачите на Сити секогаш ќе бидеме подобри, како што навивачите на Јунајтед веруваат дека тие се подобри, - изјави Пеп Гвардиола.



Спонзорирани линкови

Маркетинг