Македонија загуби од кодомаќинот Бугарија на премиерата на одбојкарското ЕП

Дерби

09/09/2026

20:46

77

Големина на фонт

а а а

Европското првенство во одбојка е отворено со дуелот меѓу кодомаќинот Бугарија и Македонија, а нашиот источен сосед ја оправда улогата на голем фаворит на оваа средба.

Бугарските репрезентативци го добија првиот меч од групната фаза со резултат 3:0 во сетови, при што Македонија ќе чека шанса за прв триумф на некој од следните натпревари.

Македонија освои 17 поени во првиот сет, дојде до 19 поени во вториот сет, а третиот сет во Софија донесе 18 поени за избраниците на Јошко Миленкоски.

Капитенот Никола Ѓорѓиев беше најдобар реализатор со 8 поени на оваа средба во македонскиот состав, додека Александар Николов обезбеди 19 поени за победничката селекција.

Наш следен противник на ЕП ќе биде Украина на 11. септември.