Лотито: Зборувам со факти, Лацио е на врвот, нели е тоа доволно за навивачите?

Дерби

09/09/2026

14:11

345

Големина на фонт

а а а

Лацио има чуден почеток на оваа сезона, старт со шокантна елиминација од Мантова во Купот на Италија, а потоа три победи на три натпревари во Серија А со што е на врвот на табелата заедно со Рома и Интер.

Навивачите на клубот од Рим веќе некое време водат „војна“ со првиот човек на клубот Клаудио Лотито, домашните натпревари се бојкотираат и „Олимпико“ е скоро празен на секоја средба. Со ова навивачите се обидуваат да го избркаат Лотито, да го натераат да го продаде клубот, но Клаудио засега не размислува за таква опција и во свој стил испрати уште една порака до оние кои го сакаат надвор од Лацио.

- Тоа е надвор од секоја логика. Јас зборувам со факти, ние сме на врвот на табелата. Не ме терајте да зборувам, фактите зборуваат во мое име. Она што се случува против мене е надвор од секоја логика.“ Тие велат: „Со Лотито навивачите не сонуваат.“ Но, што значи тоа? Ние сме на врвот на табелата, не е ли тоа доволно?

- Не е доволно само да се купуваат играчи, да се има решителен тим кој се бори или да се создаде Академија и да се сака да се изгради стадионот. Нивната единствена аксиома е: Лотито мора да си оди. Ако сакам да кажам неколку работи? Не, не треба ништо да кажам, не морам никому да одговарам. Јас зборувам преку факти, - истакнал првиот човек на калчолигашот.