Мурињо за лудото дерби со Интер и камбекот во Реал: Кога е тешко, го повикуваш Жозе!

Дерби

09/09/2026

07:52

78

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид ги освои бодовите против Интер, но и самиот Жозе Мурињо по натпреварот признал дека двете екипи одиграле луд натпревар во кој резултатот можел да биде и многу поинаков.

Шпанскиот клуб ги казни големите грешки на гостите, па откако претходно не успеа да ја реши неизвесноста, издржа кога беше најтешко за три бода на стартот во најелитното натпреварување.

Мурињо по средбата го опишал соочувањето со својот поранешен клуб на интересен начин.

– Ова беше луд натпревар. Можеше да биде 5:0 за нас, 5:5, 7:6, 5:6, натпревар со толку многу шанси. Интер е силен, беше тешко да ги затвориме со нашиот среден ред, но сепак можевме и да го решиме натпреварот со 3:0 пред полувремето. Имавме уште една шанса со Белингам, Интер можеше да постигне неколку гола. Беше отворено до крајот, едноставно луд фудбалски натпревар.

– Натпреварот беше спектакуларен за сите кои го гледаа, освен за мене и Киву, – рекол Мурињо.

Португалецот добил прашање и зошто Флорентино Перез го повикал да се врати во Реал во текот на летото.

– Затоа што ситуацијата беше тешка. Ако е лесно, не е за мене. Кога тешко, го повикуваш Жозе, – потенцирал Португалецот креирајќи уште една легендарна реплика во својата кариера.