Пендаровски: Сите власти треба да му се извинат на народот за иселувањето

Макфакс

25/11/2019

18:59

2.212

Големина на фонт

а а а

„Сите ние што сме биле досега или сме сега на власт да му се извиниме на македонскиот народ и на македонските граѓани што не сме направиле доволно да ги спречиме тие девастирачки демографски тенденции заради кои и во 2011 година не можевме ниту попис да направиме. При крајот пописот беше прекинат со директна политичка интервенција кога се виде колку малку луѓе сме останале, и тоа, пред осум години“. Ова го изјави шефот на државата, Стево Пендаровски, коментирајќи ги изнесените ставови, викендов во Нови Сад.

Пендаровски нагласи дека можеби во објаснувањето за состојбата со иселувањата требал да биде поблаг, кога кажа дека и тој би се иселил ако не беше претседател.

Тој напомена и дека секој млад човек кој ја напушта државата ја чувствува претераната партизација на сите институции.

„Ја знаете онаа позната народна изрека ‘дојде време од чувар до директор, дојде време да имаш соодветна партиска книшка инаку нема за тебе перспектива’. Тоа мора да се промени“, заклучи претседателот Пендаровски.

Според него, партиите треба да договорат заедничка стратегија бидејќи сите кои биле или се на власт имаат функција, а ваквите прашања треба да се исфрлат од дневно политичката агенда.

„Мораме да направиме сè за да дојдеме што е можно поблиску до развиениот дел на континетот. И во тој дел не можеме да направиме премногу бидејќи сè уште чекаме од Брисел да ни даде методологогија, па понатаму некој ќе се најде ќе рече, ај да ги одложиме за другото лето, за другата есен, но во еден дел тоа значи внатрешни раформи, сериозни, во клучните поглавја во однос на европските интеграции. Можеме со натпартиски консензус да направиме сигурно многу повеќе“, потенцираше претседателот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг