Русинка станала мајка на 13 години: Го напуштила училиштето и станала Јутјуб ѕвезда! Бременоста ја криела до самиот крај

Точка

21/11/2019

21:30

4.363

Големина на фонт

а а а

Полина Фетисова е новата Јутјуб ѕвезда во Русија и тоа бидејќи одлучила јавно да проговори за своето несекојдневно искуство.

Иако има само 13 години, таа е веќе мајка, а милиони луѓе дознале како изгледа тинејџерска бременост благодарение на нејзините видеа.

Русинката својата бременост долго ја криела од родителите, а таткото на детето одбил да има било каква поврзаност со неа. Дури ја нарекол и ороспија.


„Ме блокираше на сите социјални мрежи, па решив со него да поразговарам во живо. Го начекав во училиште и му реков дека сум бремена и дека очекувам поддршка. Наместо тоа, добив само навреди“, рекла Полина.

После тоа бременоста долго ја криела, сè до 35-тата недела, кога нејзината мајка сфатила што се случува. Во своите видеа зборувала и за врсничкото насилство кое го трпела.

„Отсекогаш ми велеа дека сум дебела, грда и дека сум лоша. Никогаш никого не повредив, а постојано ме навредуваа и ме понижуваа“, вели Полина и додава:

„Не смеев никому да кажам. Бегав од училиште и се криев од сите. Потоа се исплашив дека можеби нешто не е во ред со бебето. Цели ноќи плачев, а не знаев како да им кажам на родителите. Сите во семејството сме подебели, па никој не ме прашуваше зошто се здебелувам и не забележаа дека сум бремена“, вели Полина.


Сепак, еден ден нејзината мајка сосема случајно забележала дека е бремена.

„Мајка ми ме прегрна и токму во тој момент бебето клоцна. Мајка ми го почувствува тоа и сфати што се случува“, открива Полина.

После тоа мајка ѝ ја однела на лекар, кога дознала дека е во 35-та недела и дека носи девојче. Полина заедно со мајка ѝ го одбрале името за ќерката - Илијана.


Бидејќи го напуштила училиштето, Полина решила да заработува од Јутјуб. После исповедта за мајчинството, успеала да собере голем број следачи. Кога ќе собере доволно пари, планира да си плати школување за фризерка, за да може да ја издржува ќерката. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг