Интернет екипата се шегува со „манекенското“ одење на бујната старлета облечена во танга

Точка

19/11/2019

21:25

6.586

Големина на фонт

а а а

Инстаграм моделот Деми Роуз, последниве денови е тема на бројни шеги откако се обидела во улога на манекенка и прошетала по модна писта иако во тоа не била многу вешта.

Откако на социјалните мрежи се појавија снимки од нејзиното одење, почна колекција со мемиња и GIF-ови, а се огласи и самата Деми.

Имено, иако снимките настанале уште во јули, дури сега го доживеале врвот на својата популарност.

Деми на пистата изгледала вака:

Ако се прашувате кој би ангажирал жена која вака оди на писта, одговорот е - самата таа. Деми рекламирала долен дел облека од својот бренд. Нејзиното одење го нарекле „најлошото одење на писта некогаш“.

„Ја сакам Деми, но ова е големо не“, „Убава е, но пистата не е за неа“, „Кој дозволил вакво нешто да се случи на пистата“, се само некои од коментарите.

Деми признала дека не е најдобра манекенка на светот, но открила каде лежел проблемот.

„Бев многу нервозна, не сакав да го правам тоа, чевлите ми беа преголеми и со превисока потпетица, а да не зборувам за личните проблеми, мајка ми почина еден месец претходно“, напишала таа.

„Сакав да излезам од својата комфорна зона и да ги направам горди моите родители, а за тоа требаше голема храброст и горда сум на себеси“, додала.



Спонзорирани линкови

Маркетинг