Гледачка забележала чудна грутка на вратот на водителката и веднаш реагирала: “Ви благодарам, ми го спасивте животот”

Точка

19/11/2019

15:48

4.094

Големина на фонт

а а а

Антоанет Латуф, мајка на две деца и новинарка на австралискиот канал “Network 10”, ја водела својата вообичаена емисија, кога една гледачка забележала нешто на нејзиниот врат.

Нејзиниот уредник по емисијата ја повикал и ѝ ја пренел пораката од загрижената гледачка која своите сомнежи ги испратила на официјалната Фејсбук страница на емисијата. 

“Дали Антоанет Латуф ја прегледала штитната жлезда? Не се правам паметна и не се шегувам, само сум загрижена поради она што го видов денеска на телевизија”, напишала Венди Мекој во приватната порака.

Венди рекла дека не е докторка, но кажала дека таквата грутка ја потсетила на сличен случај на еден од нејзините пријатели.

“Бев загрижена и помислив дека треба нешто да кажам”, додала гледачката.

Антоанет признала дека на почетокот се насмеала на пораката, но потоа повторно ја погледнала снимката од емисијата и многу се загрижила.

“Останав шокирана. Изгледаше како да имам Адамово јаболко, нешто дефинитивно ми штрчеше од вратот”, вели водителката.

Бидејќи има семејна анамнеза на рак на штитната жлезда, Латиф одлучила да го посети својот лекар.

“Три крвни анализи, ултразвук и КТ-скен подоцна, Венди беше во право. Имам голема циста која треба да се оперира, како и автоимуна болест”, рекла Антоанет.

Цистата, за среќа не била канцерогена, но доколку не се лекува таа би можела да влијае на нејзината способност за дишење, голтање и говор.

“Жените се во поголема опасност, а доколку не се лекуваат или погрешно се дијагностицираат, болестите на штитната жлезда можат да влијаат на менталното здравје, тежината, косата и ноктите, енергијата, силата на мускулите, здравјето на коските, а во некои случаи резултираат и со смрт”, објаснила Австралијанката.

Водителката ѝ се заблагодарила на гледачката:

“Венди, ви благодарам што доволно сте се загрижиле за да ми се обратите на мене, целосен странец, и да ме наговорите да посетам лекар. Вашиот чин на љубезност веројатно ми ја спаси кариерата”, порачала таа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг