Нов ден, нов рекорд: Лука Дончиќ со уште една одлична партија во дресот на Далас

Дерби

19/11/2019

11:26

1.097

Големина на фонт

а а а

Словенечкиот кошаркар, Лука Дончиќ одигра уште една маестрална партија, овој пат во победата на неговиот Далас над Сан Антонио со 117:110.

Далас го контролираше натпреварот уште од првата четвртина, а најзаслужен за тоа е токму Дончиќ кој уфрли 17 поени само во првите 12 минути.

Одличниот кошаркар повторно го заврши натпреварот со трипл-дабл учинок, запишувајќи 42 поени, 11 скокови и 12 асистенции. Ова е шести трипл-дабл за него оваа сезона, а вкупно 14-ти во НБА Лигата.

Дончиќ со тоа само го подобри претходниот рекорд и е играчот со најмногу трипл-дабли пред наполнети 22 години. Сега, Лука покрај Леброн е единствениот играч кој запишал трипл-дабл притоа постигнувајќи повеќе од 40 поени. Исто така овој поентерски учинок е рекорден за младиот кошаркар.

Во дресот на Сан Антонио пак одличен беше Демар Дерозан кој зад своето име запиша 36 поени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг