20 креативни предлози како да ги носите кадифените фустани оваа сезона

Точка

14/11/2019

18:07

2.193

Големина на фонт

а а а

Еден од триковите во ормарот на секоја тренди дама е токму женствениот фустан од кадифе.

Овој модел е идеален за сите прилики, а истиот ќе направи да изгледате одлично каде и да се појавите. 

Причината се крие во материјалот кој ја прави секоја комбинација посебна и раскошна, додека кројот во целата приказна ќе внесе дополнителна елеганција.


Моделите на преклоп и кадифените фустани до колена се најчестата опција на шик девојките, а нема да погрешите и ако одберете посветли ткаенини и поинакви кроеви како “слип” или макси модели.

Доаѓаат во цела палета на бои, додека боите како смарагдно зелена и типичните есенски тонови како боја на вино или сенф се всушност и најпопуларни. Комбинирајте ги со високи потпетици, раскошни обетки и капут до колена за свечените прилики, а за дневните комбинации ќе ви бидат потребни кошули, фармерки или блејзери.


Многу вљубенички во модата веќе ги додадоа ваквите фустани во својот ормар, а ако сè уште не сте го набавиле овој модел за студените денови, веруваме дека комбинациите во продолжение ќе ве поттикнат да го додадете ова впечатливо парче облека во својата гардероба.