Светски ден на дијабетесот: Ви претставуваме пица со низок гликемиски индекс

Точка

17/11/2019

10:18

1.662

Големина на фонт

а а а

Во светот се евидентирани 463 милиони луѓе кои живеат со дијабет. Овие бројки даваат прогноза дека веројатно до 2040-та година, во светот повеќе од половина милијарда луѓе ќе бидат заболени од дијабетес.

Дијабетесот е хронично заболување кое се јавува како резултат на нарушена секреција или нарушено дејство на инсулинот или, пак, и двете нарушувања заедно, и се карактеризира со зголемено ниво на шеќер во крвта. Секој деветти возрасен човек во Македонија има дијабетес, што изнесува околу 175 илјади луѓе.


Храната како ризик фактор, покрај останатите, игра огромна улога кај дијабетесот. Маркетингот уште од 1960-та работи на промоција на храна која изобилува со шеќери, бидејќи прехрамбрената индустрија дошла до заклучок дека храната е повкусна кога содржи повеќе шеќери. Нажалост, еден од најлошите ефекти на шеќерот е тоа што тој ги потхранува најтешките болести. Доколку разгледаме, ќе увидиме дека најактуелните реклами ширум светот се направени за храна и пијалоци кои содржат премногу шеќери, додека пак промовирањето на здрават исхрана е некаде на маргините.

Свеста за здравата исхрана се издигнува на повисоко ниво и луѓето стануваат поактивни во одлуките да се исхрануваат поздраво. Но, се уште постои голем број на индивидуи кои не се грижат за храната која ја консумираат и не се информираат за лошите ефекти на голем дел од храната која е наше секојдневие.

Еден од низата примери на кој ќе се фокусираме денес е пицата. Пицата важи за брза храна, која изобилува со прости шеќери кои брзо го подигнуваат нивото на шеќер во крвта, а со тоа му штетат на организмот. Но, новите технологии кои се имплементираат во прехрамбената индустрија за создавање на здрави алтернативни решенија, го менуваат овој факт. 


Денес имаме продукти кои ни овозможуваат уживаме во оваа храна без да се грижиме за шеќерите, бидејќи сега имаме пица рецепт кој има низок гликемиски индекс, односно многу мал процент на јаглехидрати кои не предизвикуваат негативен ефект врз организмот и нивото на шеќер во крвта.

Dieti Meal Pro е асортиман на храна кој ни нуди протеински продукти со низок гликемиски индекс, а тука спаѓа и пицата која е омилена кај консуматорите на оваа храна. Во прилог и протеинската пица која ја направивме ние, а додатоците секако може да варираат по ваша желба.




Спонзорирани линкови

Маркетинг