Влатко Андоновски со победнички старт на селекторската позиција на женската фудбалска репрезентација на САД

Дерби

08/11/2019

15:56

523

Големина на фонт

а а а

Македонецот Влатко Андоновски со победа го стартуваше новиот и најголем предизвик во неговата тренерска кариера.

Андоновски неодамна беше назначен како селектор на најдобрата женска селекција во светот, репрезентацијата на САД, а доцна синоќа по средноевропско време го имаше и дебито на клупата на Американките.

САД со 3:2 славеше против петтата светска селекција на Шведска, а според медиумите во Америка, светските шампионки се прикажале во одлично светло.

Тимот на Андоновски доминираше во текот на целиот натпревар, имаше преднос од 3:0 на полувреме, за кон средината на вториот дел Шведска да постигне два брзи гола со кои само резултатски се врати во натпреварот.

САД имаше шанса да победи и со поголема разлика, но во финишот на натпреварот не беа искористени неколку одлични шанси, а не беше искористен ниту удар од белата точка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг