Овој човек го водел ловот на лидерот на ИСИС: Операцијата ја одложивме три пати, а кога дознавме...

Точка

30/10/2019

19:37

5.108

Големина на фонт

а а а

Генерал-потполковникот Скот Хауел, командант на Заедничката команда за посебни операции во Форт Браг бил клучното лице во планирањето на драматичната операција во која беше ликвидиран лидерот на Исламската држава.

Командантот на американските специјални сили, Скот Хауел бил главниот оперативец во планирањето и водењето на операцијата за лов и ликвидација Абу Бакр Ал Багдади, лидерот на Исламската држава.

Багдади во саботата се разнесе со експлозив откако во неговото засолниште на северозападот на Сирија упаднаа американските специјалци. Оваа акција три пати била одложувана пред да добие зелено светло. На крајот, беше изведена пред американските војници целосно да ја напуштат Сирија по наредба на претседателот Доналд Трамп.

Бегајќи во подземниот тунел пред американските специјалци и користејќи ги своите три деца како жив штит, лидерот на Исламската држава пред да биде фатен се разнел со експлозивен елек.


Огромно искуство и импресивна кариера

Командантот Хауел од Кадиз во Кентаки бил клучниот човек во целата операција. Конгресменот од Кентаки, Џејмс Комер во неделата го пофали Хауел, порачувајќи му дека Америка е благодарна на неговата храброст и храброста на останатите војници.

Хауел има навистина импресивна кариера, тој дури бил и пилот со повеќе од 2,600 часови лет. Тој е прв човек на познатата Заедничка команда за специјални операции во Форт Браг во Северна Каролина каде што е седиштето на култниот „Делта Форс“ - елитна единица која учествуваше во оваа сложена операција. Хауел претходно бил и заменик командант на американската Команда за специјални операции во Вашингтон.

Хауел во 1987-ма година бил прв човек на американската Академија за воздушни сили. Како пилот на хеликоптер учествувал во низа на специјални операции, вклучувајќи акции во Ирак и Авганистан. Сепак, нападот на засолништето на Багдади, повеќегодишниот лидер на една од најозлогласените терористички организации на сите времиња е врвот на неговата кариера.


Три обиди за ликвидација откажани во последен момент

Нападот на засолништето на првиот човек на Исламската држава е резултат на повеќегодишно собирање на разузнавачки податоци. Имено, американските специјалци требало да реагираат за само 48 часа откако дознале каде се крие Багдади.

Не пропуштајте: Херојот во потрагата по лидерот на ИСИС: Багдади бегал низ мрачните тунели пред ова куче...

Трамп откри дека претходните три пати за фаќање на Багдади биле откажани затоа што тој во последен час носел одлука за промена на своето засолниште. Инаку, американскиот претседател ловот на Багдади и упадот во неговото засолниште го гледал во живо, преку видеоврска од Белата куќа.

Операцијата беше наречена по Кајли Милер, американска хуманитарна работничка која џихадистите ја заробија во 2013-та година, а самиот Багдади ја измачувал и повеќе пати ја силувал. На крајот, таа беше убиена во 2015-та година.


Стигна до крајот на тунелот додека го бркаа нашите кучиња

Трамп откри дека американските специјалци пробиле дупка на бочната страна од зградата, претпоставувајќи дека на главниот влез е поставена замка. Багдади потоа побегнал во лавиринт на подземни бункери и тунели носејќи на себе елек со експлозив и влечејќи ги со себе своите три деца.

„Стигна до крајот на тунелот додека нашите кучиња го прогонуваа. Го активираше експлозивот убивајќи се себеси и своите три деца“, изјави Трамп.

Телото на Багдади било распарчено, а за да дојдат до него, специјалците морале да ги расчистат рушевините. Од лидерот на Исламската држава не останало многу, но доволно за да се земе примерок од ДНК. Набрзо потоа со анализа било потврдено дека навистина станува збор за Багдади. Отакко било потврдено дека е мртов, специјалците одзеле компјутери, телефони и документи кои што ги пронашлево засолништето.

Акцијата завршила со напад на американски беспилотни летала кои засолништето на Багдади го срамниле со земја за неговите следбеници да не направат светилиште.