Херојот во потрагата по лидерот на ИСИС: Багдади бегал низ мрачните тунели пред ова куче...

Точка

29/10/2019

22:04

11.139

Големина на фонт

а а а

Едно од највисоко тренираните кучиња во американската армија ја има главната заслуга во потрагата по лидерот на Исламската држава, Абу Бакр Ал Багдади кој минатиот викенд беше ликвидиран.

Генералот Марк Мили за новинарите откри дека кучето има „огромна заслуга“ за пронаоѓањето на Багдади во тунелот ископан под неговото засолниште. Американскиот генерал откри дека кучето било полесно рането, но веќе се опоравило и се вратило на должност.

Кога американските сили ја открија локацијата каде што се крие Багдади во ноќта од саботата кон неделата, тој го активирал елекот со експлозив, се уби себеси, но и своите три деца, а во експлозијата беше рането и кучето на американската армија кое ја водело потрагата низ тунелите.

Од американската армија не го открија името, ниту расата на кучето, но американскиот претседател Доналд Трамп објави фотографија на која што може да се види дека станува збор за белгиски овчар.

Трамп на Твитер откри дека кучето со тим на специјалци учествувало во фаќањето на Багдади во тунелот кој бил ископан на североистокот на Сирија, додавајќи дека кучето завршило „одлична работа“ во фаќањето и убивањето на лидерот на Исламската држава.

„Сакате баш такво куче да ја предводи вашата извидница. Тие се првата линија на одбраната, пред сите“, изјави претседателот на здружението за тренирање на воени кучиња на САД, Рон Ањело, инаку поранешен маринец во американската армија.