Луксуз од 3000 квадратни метри: На продажба вила на најскапата улица во Лос Анџелес

Точка

22/10/2019

18:34

1.599

Големина на фонт

а а а

Мајкл Чау, основач на ланецот кинески ресторани “Mr Chow”, повторно се обидува да ја продаде својата мега вила во Лос Анџелес, која опфаќа над 3000 квадратни метри. Овој пат, цената е спуштена за 8 милиони долари и сега изнесува 69,9 милиони долари.

Овој спектакуларен имот во Холмби Хилс е дизајниран со цел да нѝ претстави дел од уметничката колекција на својот славен сопственик. Со плафоните кои се високи 10 метри, главната вила е изградена под влијание на мадридскиот музеј Реина Софија. 


Чау и неговата поранешна сопруга Ева го купиле плацот во текот на 90-тите години, а потоа потрошиле речиси една цела деценија и вистинско мало богатство за да го изградат овој неверојатен дом со 9 спални соби и самостојна куќа за гости, со три нивоа.

Тие за првпат се обиделе да го продадат овој посед минатата година, со цена од 78 милиони долари, во периодот кога биле во процес на развод. Чау, кој денес има 80 години, ја оженил својата четврта сопруга, 30-годишната Ванеса Рано во февруари оваа година, а бракот го прославил така што купил имот со две вили кој претходно го поседувал Кејти Пери, по цена од 12,7 милиони долари.


Со намалувањето на цената и новиот тим експерти за продажба на недвижнини, Чау се надева дека ќе успее да го продаде својот минималистички посед. Доколку се прашувате дали цената од 70 милиони долари и понатаму е превисока и можеби премногу амбициозна, сетете се дека имотот кој е заѕидан, ограден и обезбеден, е сместен во посакуваната улица Мејплтон, која е најскапа улица во Лос Анџелес.

Малку подолу на улицата се наоѓа некогашната вила на Арон Спелинг со 123 соби и површина од 5600 квадратни метри, која Формула 1 наследничката – Петра Еклстон, го продала за 120 милиони долари.

Иако главната вила асоцира на музеј со своите 400-тини години стари столбови и старинските камени елементи, мора да признаеме дека оваа вила дефинитивно поседува и модерни детали кои можат да ве маѓепсаат.


Главната соба за прием на гости поседува галерија и се одликува со високи плафони со чисто бели ѕидови. Библиотеката во Арт Деко стил која од еден раб до друг е обложена со егзотично дрво, го одзема здивот.


Мастер спалната соба е исто така дизајнирана во Арт Деко стил, а поседува и огромен гардеробер и подеднакво пространо купатило со бел мермер.


Пространата кујна е исто така декорирана во бели тонови и рачно изрезбани дрвени врати кои создаваат идеален контраст. Во неа се наоѓаат модерни апарати со кои многу лесно може да се припреми вечера за поголем број луѓе и истата да се послужи на прекрасната тераса. 


Камената патека која ги пресекува уредените тревници ќе ве одведе до одвоената куќа за гости и забавниот комплекс, каде ќе пронајдете огромно домашно кино, соба за билијард и клавир, како и базен на отворено. Како и главната вила, гостинската куќа исто така содржи величенствена кровна тераса.




Спонзорирани линкови

Маркетинг