„Беше спортист, талентиран музичар, одличен ученик, а потоа почна да се дрогира“ - потресна исповед на мајка која се обидува да го спаси својот син од наркотици

Точка

22/10/2019

18:20

8.957

Големина на фонт

а а а

„Поминуваме низ двегодишен пекол. Син ми беше репрезентативец во теквондо и американски фудбал, вонсериски талент за хармоника и гитара, одличен ученик, преинтелигентно дете... Одеднаш почна чудно да се однесува. Почна да пуши марихуана со друштвото од маало и ете, сега се вртиме во круг поради неговата зависност и агресивност и нашата немоќ да му помогнеме“ - вели мајката.

Со овие зборови Косана Булатовиќ (39) ја започнува својата приказна за проблемите кои ги има со својот син (16) бидејќи паднал во “канџите“ на дрогата.

Нејзиниот син има 16 години. Дрогата ја консумира, како што се сомнева мајката, веќе три години. На почетокто дома се враќал многу замислен, а очите му светкале и бил многу успорен...

Кога направиле тест, тој бил позитивен на марихуана.


„Стана зависник. Призна дека користи екстази, мислам дека пуши опиум, станува агресивен. Во куќата имам шестгодишна ќерка, последен пат морав да го пријавам во полиција. Еднаш сè искрши дома, дури и телевизорот и се самоповреди. Минатата недела беше уапсен со дрога. Моментално е во „Лаза Лазаревиќ““ - раскажува Косана.

Сопругот заминал во странство за да може да ги финансира дополнителните лечења, а таа со психолозите се обидува да влезе во с'ржта на проблемот.

„Со докторката Ружица долго време поминавме за да ги утврдиме корените на болеста, дали има психички пореметувања, предуслови за да почне да се дрогира. И ништо. Сега сме во фаза дека нему му е потребна изолираност, но нема поддршка од Центарот за социјална работа...“ - ракажува мајката.


„Од дома продаде сè. Па дури и своите чорапи. Ние нашите работи ги криеме. Живеам со болна ќерка на која потребна ѝ е секојдневна терапија. Почна во мое присуство да нарачува дрога. Зависник е. Се плашам дека почна истата да ја дила, за да ја задоволи својата зависност. Јас и мојот сопруг не му даваме пари бидејќи искрено кажува за што му се потребни. На училиште не оди. Ни остана само да ја примениме целосната изолација. Експертите велат дека имаме шанса уште една година“ - вели мајката.

Во нејзините очи има страв. Агресивноста на нејзиниот син набрзо може да премине во физичка агресија, а тогаш ќе биде предоцна.




Спонзорирани линкови

Маркетинг