Овој човек на раката на Надал ставил часовник вреден 97 милиони долари: Тенисерот на терен носел вистинско богатство

Точка

21/10/2019

20:13

8.624

Големина на фонт

а а а

На венчавката на Рафаел Надал и Мари, пред два дена на Мајорка во Шпанија бил и тој, популарниот часовничар на Надал - Ричард Мајл.

Сопственикот на истоимената компанија на исклучително скапи часовници, Ричард Мајл на венчавката носел беспрекорно одело во сјајна нијанса на сина боја.

А, неговото име често низ годините го слушавме во приказните на Рафа.


Шпанскиот тенисер соработката со “Ричард Мајл“ компанијата ја започнал во 2008-та година на Френч Опен. Се пишувало дека договорот на тенисерот му донел сума од шест цифри.

„Ричард ме контактираше и дојде во мојата куќа на Мајорка и го стави својот супер “тежок“ часовник на мојата рака додавајќи дека сака да го носам додека играм. Но, тоа беше шега, неговиот начин да го скрши мразот. Идејата беше да се креира часовник кој ќе биде доволно јак за да го издржи натпреварот, но и лесен така што нема да имате чувство дека го носите“ - изјавил Рафа.


Надал часовникот го носел во 2010-та на УС Опен. Тој е тежок околу 20 грама и го носи името “M27“.

Надал таа година го освои турнирот, но во текот на подигнувањето на триумфалниот трофеј тој ги уништил кристалите на него.

Ричард подоцна го поправил часовникот и тој претставува “симбол на пријателството на Надал и Мајл“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг