Продолжува хаосот поради поскапувањето од 5 денари: Чиле гори, претседателот тврди - Ние сме во војна!

Точка

21/10/2019

10:14

2.399

Големина на фонт

а а а

Чиле е во пламен, веќе со денови оваа јужноамериканска земја е во блокада, а на улиците на главниот град Сантијаго се водат жестоки судири помеѓу полицијата и демонстрантите.

Три лица загинаа, најмалку 300 демонстранти се уапсени, а повеќе од стотина граѓани и над 150 полицајци завршија во болница. Супермаркетите и автомобилите горат, оштетени се најмалку 80% од станиците на подземната железница, а штетата се проценува на околу 700 илјади долари.

Чилеанскиот претседател Мигел Хуан Себастијан Пињера воведе вондредна состојба, а војската излезе на улиците. Ова се најголемите протести во економски и политички најстабилната земја во Латинска Америка (највисока минимална плата, економски раст од 2,5% и инфлација од само 2%) од 1990-та година. Хаосот во оваа досега мирна земја изби поради поскапувања од 5 денари.

Имено, поради поскапувањето на струјата, поскапела и цената на превозот во подземната железница во чилеанскиот главен град кој има околу 7 жители за околу 5 денари, а станува збор за поскапување само во периодот од 7 до 9 часот наутро и од 18 до 20 часот навечер.

Претседателот после незадоволството веднаш ја повлече одлуката, но тоа не ги спречи демонстрантите да продолжат да прават хаос, да ограбуваат продавници и бензински станици, како и банки и банкомати.

Но, една од главните причини за избивањето на протести од такви размери може да се каже дека беше фотографијата на претседателот како безгрижно јаде во пицерија во центарот на Сантијаго, додека главниот град е потресен од жестоки протести.

Да потсетиме, минатата седмица и во Еквадор избија жестоки протести поради зголемувањето на цените на бензинот и јавниот превоз, зголемување од исто така само неколку денари.

Во протестите загинаа 8 лица, над 1500 се повредени, а штетата се проценува на над 1,5 милиони долари. Претседателот Ленин Морено го напушти Квито и практично ја предаде власта на војскат затоа што во градот настана општ хаос.

Како што соопштија еквадорските власти, протестите биле организирани преку страници на Фејсбук кои преку „ИП“ адресата било откриено дека се направени во Русија. Токму овие страници повикувале на насилство и рушење на власта во Еквадор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг