Одигра феноменален натпревар против Франција, а фановите на Јувентус му порачаа: Оди си…

Дерби

16/10/2019

11:29

2.597

Големина на фонт

а а а

Јувентус ова лето донесе доста засилувања, а акцент се стави и на одбраната каде како најголемо засилување беше донесен Матијс Де Лихт, а беа донесени уште неколку млади фудбалери.

Меѓу нив беше и турскиот репрезентативец, Мерих Демирал кој дојде за сума од 18 милиони евра од редовите на Сасуоло.

Демирал одигра еден натпревар за Јувентус затоа што се отвори простор по повредата на Џорџо Кјелини, а блескава партија имаше за својата Турција на квалификацискиот натпревар против Франција.

Демирал беше безгрешен против Франција, но и покрај тоа, фановите на Јувентус бараат негово бркање од клубот затоа што играчот со своите репрезентативни колеги ја поздравија Турската офанзива на Курдите во Сирија. На социјалните мрежи веќе кружи слоган „Demiralout“ но тешко е дека Јувентус ќе се реши на ваков чекор.

За потсетување, Сент Паули вчера објави дека нивниот фудбалер Челик бил избркан од клубот поради објава на социјалните мрежи за нападот на Турција врз Сирија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг