Во еден ден, два земјотреса ја стресоа Струмица

Макфакс

15/10/2019

10:00

1.022

Големина на фонт

а а а

Земјотрес со јачина од 2,5 степена по Рихтер бил почувствуван во Струмица, вчера околу 21 часот и 40 минути, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Тоа е втор земјотрес регистриран на подрачјето на Струмица во период од еден ден, со оглед на тоа што и вчера наутро градот го стресе земјотрес со јачина од 2,6 степена.

Вториот земјотрес кој се случил вечерта бил почувствуван од населението во околината на Струмица со интензитет од III степени, според Европската макросеизмичка скала.



Спонзорирани линкови

Маркетинг