Актуелниот тренер на Интер и поранешен селектор на италијанската репрезентација, Антонио Конте откри дека неговото збогување со националниот тим било многу емотивно.
Конте ја напушти селекторската позиција за да го преземе Челси, каде што работеше две сезони.
„Да се носи дресот на Италија е остварување на сонот, слушањето на националната химна е единствено искуство. Тоа значи дека сте успеале во животот. Ја претставував Италија како играч и како тренер. Селекторската работа носи голема одговорност. Цела нација е зад вас и ве турка напред“, изјави Конте и додаде:
„Се сеќавам, ден пред да се збогувам, сите плачевме затоа што знаевме дека оттогаш повеќе нема да се среќаваме секој ден. Да не потпишев за Челси сигурно ќе продолжев да работам као селектор“, изјави Конте.
По заминувањето на Конте, Италија доживеа дебакл и не успеа да се пласира на Светското првенство во Русија.