Ременски на распит за „Рекет” во кривичниот суд

Макфакс

10/10/2019

11:47

202

Големина на фонт

а а а

Пратеничката Фросина Ременски се појави во кривичниот суд пред судија на претходна постапка за проширената истрага за случајот „Рекет“.

Судијката на претходна постапка ќе треба да одлучи дали ќе ѝ одреди некоја од мерките на претпазливост што ги бара обвинителката Вилма Русковска – одземање на патна исправа, забрана за напуштање на престојувалиште и еднаш неделно задолжително јавување во судот.

Денес во судот треба да се појават и таткото на Боки 13, Миле Јовановски, како и неговата асистентка. На Јасна Мандиќ, заменик-претседателката на „Меѓународниот сојуз“, синоќа ѝ беше определен куќен притвор.

Во случајот „Рекет“ досега беа осомничени Бојан Јовановски – Боки 13, Зоран Милески – Кичеец и ексшефицата на СЈО Катица Јанева. Обвинителството вчера ја прошири истрагата и за Ременски, Мандиќ, Миле Јовановски, таткото на Боки 13 и за асистентката на Јовановски, Кристина Карајованова.



Спонзорирани линкови

Маркетинг