Градоначалник не ги исполнил ветувањата, па го врзале за камион и го влечеле по асфалтот

Точка

09/10/2019

18:29

2.065

Големина на фонт

а а а

Единаесет лица се уапсени откако градоначалникот на град во мексиканската држава Чиапас го извлекле од неговата канцеларија, го врзале за камион и го влечеле по асфалтот.

Како што пренесуваат тамошните медиуми, инцидентот се случил во вторникот, а градоначалникот бил нападнат од група на земјоделци затоа што не ги исполнил предизборните ветувања и не ги реконструирал улиците.

Градоначалникот Хорхе Луис Ександон Ернандес набрзо бил ослободен од локалната полиција, а тој не претрпел посериозни повреди. Сепак, тој најави дека ќе поднесе тужба за киднапирање и обид за убиство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг