Оле Гунар Солскјер ќе носи и играч од средниот ред во јануари, но тоа нема да е Бруно Фернандеш

Дерби

05/10/2019

13:36

1.783

Големина на фонт

а а а

Дефинитивно, барем како што стојат работите Манчестер Јунајтед ќе биде најактивниот тим во јануарскиот преоден рок.

Веќе почнаа да кружат имиња кои би можеле да ги засилат „ранетите ѓаволи“ во јануари, а најголеми се шансите во клубот да стигне еден напаѓач. Според букмејкерите најблиску до „Олд Трафорд“ е Марио Манџукиќ, но Солскјер има и други опции во Муса Дембеле и Калум Вилсон.

Сега, на Островот се зборува дека во Манчестер Јунајтед би можел да пристигне играчот од средниот ред на Астон Вила, Џон Мекгин. „Сан“ пишува дека Сер Алекс Фергусон ќе биде тој кој ќе се обиде да го договори трансферот на одличниот шкотски фудбалер.