Оле Гунар Солскјер потврди дека Манчестер Јунајтед ќе купува напаѓач во јануарскиот преоден рок откако стана јасно дека реализацијата е најголем проблем на клубот.
Дополнително работите ги влошија и повредите на Антони Марсијал и Маркус Рашфорд, па така речиси е извесно дека на „Олд Трафорд“ ќе пристигне еденнапаѓач.
Најугледниот англиски медиум, „Скај Спортс“ пишува дека Манчестер Јунајтед во јануари ќе тргне по Марио Манџукиќ или Калум Вилсон. Напаѓачите на Јувентус и Борнмут се примарна цел на норвешкиот стратег кој имаше уште еден разочарувачки натпревар против АЗ Алкмар во Лига Европа.