Манчестер Јунајтед игра променливо во Премиер лигата и никако не може да го фати потребниот ритам, а во тој стил сега продолжи и во Лига Европа, натпреварување во кое по стартниот триумф над Астана, вечерва комплетно разочара на гостувањето во Холандија.
Поради проблеми на домашниот стадион, АЗ Алкмар го пречека англискиот премиерлигаш во Хаг, а на теренот кој е покриен со вештачка трева, далеку подобро се снајде холандскиот претставник. АЗ Алкмар беше далеку подобар ривал и ако некој заслужи да победи на овој меч, тоа беше составот предводен од тренерот Слот, но на спротивната страна максимално концентриран и сталожен беше Давид Де Хеа кој беше најдобар поединец на Јунајтед.
Шпанецот ги одбрани сите четири удари кои противничките играчи ги упатија кон неговата мрежата, додека од друга страна пак, Јунајтед беше очаен и не испрати ниту еден директен удар во рамките на голот и не го тестираше голманот Бизот. Лошото издание не го оправдува ниту тоа што Солскјер им даде шанса на доста млади играчи, а дефинитивно загрижувачки е податокот кој вели дека Јунајтед нема остварено победа на последнтие 10 гостувања во сите натпреварувања, серија кој не се памети од далечната 1989 година.