Јирген Клоп не можеше комплетно да биде задоволен од првата победа која ја оствари Ливерпул во новата сезона во Лигата на шампионите, од едноставна причина што неговиот тим закомпликува натпревар кој се чинеше дека ќе го добие лесно.
Европскиот шампион поведе со 3:0 против Салцбург, но гостинскиот тим целосно се врати и израмни на 3:3 по 60 минути игра, епилог кој беше своевиден шок за сите присутни на „Енфилд Роуд“, вклучувајќи го и германскиот стручњак. Добра вест за Клоп беше тоа што Салах во продолжение постигна победнички гол за 4:3, но пред сериозниот тест во Премиер лигата, Германецот одлучи да ги предупреди и отрезни своите играчи во одбраната.
– Најдобро е кога ќе ја научите лекцијата за време на мечот. Смогнавме сили да победиме и покрај тоа што ни се вратија од 3:0. Веднаш по мечот мислев дека сум бесен, но потоа сфатив дека нема причина за тоа. Дури и при 3:3, јас не бев загрижен. Верував во нашиот победнички карактер и уште еднаш го докажавме на дело. Ова беше далеку од перфектен меч, но типичен за Ливерпул, со отворен фудбал и многу возбудлив. Сигурен сум дека Брендан Роџерс го гледал мечот. Ако се браниме вака против Лестер, Џејми Варди ќе се прошета и ќе ни даде пет гола. Сигурен сум дека Роџерс го мисли тоа, – во свој стил порача Клоп по триумфот од 4:3.
Инаку, Ливерпул на домашен терен го пречекува Лестер во осмото коло од Премиер лигата, натпревар на кој домашниот тим ќе ја брка осмата победа во низа од стартот на сезоната во домашното првенство.