Напаѓачот на Салцбург го „легна“ Ван Дајк како никој претходно во изминатите две сезони

Дерби

03/10/2019

09:08

1.847

Големина на фонт

а а а

Ливерпул успеа да се стабилизира и да пронајде сили за уште еден гол откако прокоцка предност од три гола, и со тоа ја обезбеди првата победа во групната фаза во Лигата на шампионите во сезоната кога ја брани титулата во најелитното натпреварување.

По поразот од Наполи пред две недели, Ливерпул беше приморан да освои три бода, а иако тие изгледаа чиста рутина по водството од 3:0, Салцбург успеа да се врати и по еден час игра на „Енфилд“ беше 3:3. Кам-бекот на гостите беше најавен со фантастичен гол на Хи-Чан Хванг, напаѓачот на Салцбург од Јужна Кореја кој успеа да го „легне“ Ван Дајк како никој претходно во изминативе две сезони. Потегот на Кореецот им даде мотив на неговите соиграчи да израмнат на 3:3, но сепак Салах го пронајде патот до мрежата по четврти пат за домаќините, погодок со кој домашниот тим стигна до првите три бода во новата сезона во ЛШ.