Медиумите во Англија ги посочија двете главни мети на Солскјер за зимскиот преоден рок

Дерби

02/10/2019

11:51

1.138

Големина на фонт

а а а

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер потврди дека клубот ќе биде активен во јануарскиот преоден рок.

Манчестер Јунајтед го има најлошиот старт во последните 30 години, па нешто ќе мора да се среди доколку „ѓаволите“ сакаат успешна сезона.

„Дејли Стар“ пренесува дека Манчестер Јунајтед ќе потроши околу 100 милиони фунти ова лето и истите ќе ги потроши на двајца фудбалери.

Примарна цел ќе биде напаѓачот на Лион, Муса Дембеле кој би чинел околу 60 милиони фунти. Лион нема да сака да го продаде лесно својот напаѓач, но ситуацијата во клубот би можела да го натера Французинот да размисли за заминување.

Солскјер не се откажува ни од младиот Лонгстаф од Њукасл за кого се интересираше и во летниот преоден рок. Фудбалерот кој сезонава веќе запиша пет натпревари во Премиер лигата.