Некогашниот голман на Манчестер Јунајтед, Питер Шмајхел смета дека настапите на Пол Погба се главната причина за лошите резултати на „Црвените Ѓаволи“.
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед синоќа ремизираа со Арсенал (1:1) и после седум одиграни кола во Премиер лигата, се наоѓаат на 10-то место на табелата со само 9 освоени бодови.
„Погледнете како екипата игра кога Погба е на теренот, колку се побавни. Тој во првите 25 минути против Арсенал цело време ја враќаше топката назад, а тоа за играч од неговиот калибар е разочарувачко“, изјави Шмајхел и додаде:
„Никој од навивачите не е задоволен, 75 илјади луѓе на „Олд Трафорд“ не се среќни поради неговите партии. Може да се забележи дека луѓето повеќе не го сакаат Погба толку, затоа што тој нема направено речиси ништо за тимот“, изјави Шмајхел.