Мурињо: Интер е мојот дом, но тешко дека ќе се вратам во Италија

Точка

30/09/2019

15:50

1.292

Големина на фонт

а а а

Португалецот Жозе Мурињо и натаму е без работа откако кон крајот на минатата година доби отказ од Манчестер Јунајтед.

Мурињо минатата сезона после лошите резултати доби отказ, а оттогаш Португалецот е без ангажман, иако призна дека би сакал да застане на кормилото на некој клуб.

Португалецот моментално работи како стручен коментатор во Англија, но призна дека му недостасува тренерската работа. Се поврзуваше со неколку клубови, а се споменуваше и негово враќање во Италија. Наводно бил контактиран од Милан, но тој ги одбил „Росоњерите“ поради неговата „историја“ со градскиот ривал Интер.

„Интер е мојот дом и со сите таму сум добар пријател. Ние сме како едно големо семејство и уживав во Интер. Веќе осум месеци сум без работа, но не мислам дека ќе се враќам во Италија затоа што таму едноставно не ја гледам мојата иднина“, изјави Мурињо кој призна дека се надева дека ќе добие понуда од страна на некој европски великан.