Работи кои вработените во рестораните никогаш не би ги нарачале - келнерите и готвачите ја открија вистината од која ќе ви се преврти желудникот

Точка

30/09/2019

11:51

5.252

Големина на фонт

а а а

Кога ќе почнат да работат во рестораните, вработените сфаќаат дека некои работи, меѓу кои и храната, не се секогаш онакви какви што очекуваат да бидат.

Исто така тие бидејќи имаат пристап до кујната често ја дознаваат тажната вистина која стои позади некои јадења кои дотогаш со задоволство ги нарачувале па сега во целост ги избегнуваат.

Ова се некои од работите кои вработените во рестораните никогаш не би ги нарачале.

Одредени намирници кои се служат со салата

„Работите како што се зелена салата и свеж зеленчук секојдневно се заменуваат, но оние кои се помалку популарни како што е на пример грашокот, не се заменуваат повеќе од еднаш неделно. За некои намирници, како на пример маслинките и киселите краставички, кажано ми е најгоре да ги ставам свежите за под нив да останат оние кои се стари и неколку месеци. Грозно“ - раскажува келнерот Крис П.


Мраз

„Луѓето не знаат колку ретко се чистат машините за правење мраз и однадвор и одвнатре. Веројатно поминати се неколку години откако апаратот е приклучен и исчистен одвнатре. Сум видела машини за мраз на кои има 'рѓа, нечистотии па дури и бубашваби во нив“ - вели работничка од ресторанот, Тори Т.

Лимон

„Келнерите секогаш сечат лимон на парчиња предвреме и потоа го ставаат во големи садови да стои сè додека не се потроши. Никогаш не ги мијат овошјата кои се користат, па дури ни рацете не ги мијат редовно. Понекогаш дури и искористениот лимон го враќаат за уште една употреба“ - раскажува Хедер Х.

Пире од компири

„Постои причина зошто пирето од компири во рестораните е толку многу убаво - тоа е само путер. Се колнам дека рестораните во кои работам користат компири и путер во сооднос од 50:50. Секоја порција всушност е една лажица путер. Вкусно е, но откако видов како го прават не можам повеќе да го јадам. Секојпат кога некој гостин ќе нарача пире, искрено ги жалам неговите артерии“.


Декорација за јадења

„Поголемиот дел од луѓето не ја јадат декорацијата од своите чинии, но многупати сум видела како готвачите ги враќаат искористените декорации и ги ставаат во новите порции“ - открива Аштон Л.

Мешана салата

„Иако едни од најпопуларните нешта на менито се салатите, сепак никогаш не ги јадам. Жената која ги прави салатите во ресторанот каде што работам ги меша со свои раце, тоа би било во ред доколку носи ракавици. Сум ја видела неколку пати како ги лиже прстите па потоа ја меша салатата. Ужас“ - открива Кристен С.


Помфрит

„Пред да почанм да работам на моето сегашно место обожував пржени компири. Сега гледам дека многу ретко го менуваат маслото за пржење и премногу ми се згадија компирчињата“ - раскажува Емелгејт Т.




Спонзорирани линкови

Маркетинг