Го носел немоќниот ривал до целта: Атлетичарот со својот гест освоил медал повреден од било кое злато

Точка

28/09/2019

13:19

5.177

Големина на фонт

а а а

На Светското првенство во атлетика бил забележан џентлментски потег кој е достоен за воодушевување.

На трката на 5000 метри во Доха, уште првиот ден добивме херој на натпреварот. Тркачот од Гвинеја Бисао, Браима Сункар Дабо, не сакал зад себе тукутака да го остави немоќниот ривал Џонатан Безби од Аруба. 

Инаку, Дабо и Безби се единствените претставници од своите држави во Катар бидејќи на нивните федерации им е дозволено да испратат само по еден спортист.


Условите на трка во Доха не биле одлични, иако стадионот Калифа Интернешнл има климатизација. Сепак, неприродните услови биле далеку од идеални и сето тоа влијаело на спортистите, а најлошо прошол токму Безби. Бидејќи не можел да стои, Дабо решил да го жртвува својот настап и да го пренесе ривалот преку целта.


Трчал, држејќи го Безби и двајцата ја преминале целта по 18 минути, но со најголемите можни овации кои биле тотално заслужени.

“Само сакав да му помогнам на момчето да ја заврши трката. Сакав да му помогнам да ја прејде линијата, мислам дека било кој би го направил истото”, изјавил скромниот Дабо со помош на преведувач по трката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг