Винисиус им се извини на фановите, па обвини за двојни аршини во Ла Лига

Дерби

11/10/2026

10:58

210

Големина на фонт

а а а

Винисиус Жуниор влезе на стартот на второто полувреме на дербито против Вилјареал и до крајот на мечот се најде во центарот на вниманието, пред се поради глупоста која ја режираше во акцијата која заврши со гол.

Вини одлично испрати еден извонреден продор на Џуд Белингам и со мирна завршница погоди за 2:0, па иако бурно го славеше на голот, на крајот радоста се претвори во агонија.

Судијата Диаз доби сугестии дека Бразилецот направил целосно некоректен потег во зачетокот на акцијата, а откако и самиот утврди дека Винисиус го повлекол за коса Салиба од Вилјареал, голот беше поништен, а играчот на Реал доби директен црвен картон.

Крилниот напаѓач се противеше на оваа одлука и мораше да биде изнесен од своите соиграчи, па по крајот на мечот реши да се извини за тоа што го остави тимот на цедило, но и обвини за двојни аршини на кои смета дека е редовно жртва кај шпанските судии.

– Забавата продолжува…. Извинување д омојот тим и до навивачите, – порача Винисиус, кој потоа објави фото-доказ за двојните аршини за кои тој вели дека не се случајни.

– И тој што добива жолт картон или исклучување секогаш е Винисиус. Каков срам…., – порача Бразилецот.